Италијанскиот пливач Томас Чекон го освои златниот медал на трката во дисциплината 100 метри грбно на Олимписките игри во Париз и освои милиони женски срца ширум светот.
Талентираниот пливач, кој е повеќекратен европски и светски шампион, ги воодушеви обожавателките ширум светот, кои истакнуваат дека плени со својата неверојатна фигура и стас.
Еуфоријата за Чекон започна пред неколку дена на доделувањето на медалите на Олимписките игри во штафетата 4х100 метри слободно за мажи, каде се појави и овој згоден пливач.
Томас заедно со своите колеги пливачи се искачи на подиумот, гордо ги крена рацете, а во тој момент се помрдна и неговиот дуксер, покажувајќи ги издлабените стомачни мускули на спортистот.
Мрежите се загреваа, а дамите не штедеа комплименти на сметка на згодниот Италијанец.
„Овој човек е неверојатно убав“, „Целиот патриотизам го напушта моето битие кога на екранот е Томас Чекон“, „Овој човек е благословен и издлабен од Бога“, се само дел од коментарите на воодушевената публика.
Чекон го носи прекарот „морско куче“ во светот на пливањето поради неговата брзина во водата. Инаку, тој е светски рекордер на 100 метри грбно, но и на 4х100 метри слободно.