Првиот професионален геј фудбалер ја продолжува кариерата во Англија: „Го напуштам гнездото со свршеникот“

Точка

09/07/2025

21:37

1.341

Големина на фонт

а а а

Првиот професионален геј фудбалер, Џош Кавало, ја напушти својата родна Австралија и кариерата ќе ја продолжи во Англија, иако не откри за кој клуб ќе настапува во иднина.

Кавало се најде во центарот на вниманието откако стана првиот професионален фудбалер кој јавно призна дека е геј. По него следеа Британецот Џек Џонсон и популарниот чешки репрезентативец Јакуб Јанкто.

Овој австралиски фудбалер, кој настапувал во тамошната елитна А лига за Аделејд Јунајтед, очекува нови предизвици во кариерата, иако не откри за кој клуб станува збор.


„Не е збогум засекогаш, но сега е време да го напуштам гнездото со мојот свршеник покрај мене“, напиша Кавало во емотивното збогување со Австралија.

Тој рече дека фудбалот го однел таму каде што никогаш не ни замислувал дека ќе отиде, а со оглед на тоа дека се сели во лулката на фудбалот, ќе биде интересно да се види како ќе се снајде.


Инаку договорот на Кавало со Аделејд Јунајтед истекол, додека неговата моментална вредност на „Transfermarkt“ е само 100.000 евра, па затоа не може да се очекува дека ќе ја продолжи кариерата во некој посериозен клуб.

Во текот на кариерата, тој впишал еден настап за австралиската јуниорска репрезентација, а играл и за Мелбурн Сити, Вестерн Јунајтед и Аделејд Јунајтед.