Овој чудотворен напиток подготвен во домашни услови ги обновува растенијата како од шега: Потребни ви се само две состојки и тие повторно ќе цветаат како „луди“

Кармин

01/08/2024

17:06

9.105

Големина на фонт

а а а

Во текот на летните месеци на растенијата им е потребна дополнителна нега, особено ако ги чувате во двор и на тераса. Поради сонцето се сушат многу побрзо, па со самото тоа бараат многу повеќе внимание.

Доколку забележите дека растенијата забавуваат со растот и венеат, посегнете по овој рецепт, кој веднаш ќе ги оживее.

Покрај органските суплементи за нега на цвеќе, кои можете да ги најдете во сите земјоделски аптеки, домашните решенија можат да бидат подеднакво корисни за растенијата.


За растворот кој ние ви го подготвивме потребни ви се само две состојки – аспирин и дестилирана вода.

Тајната е во салицилната киселина, една од состојките на аспиринот, која помага во растот на растенијата.

Сè што ви е потребно за овој раствор е една таблета аспирин и децилитар дестилирана вода.


Скршете ја таблетата и додадете ја во водата и мешајте додека не се раствори. Со оваа смеса можете да ги наводнувате или прскате растенијата, еднаш неделно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk