„Не успевав да заштедам ни 100 евра“ – македонски печалбари во Хрватска се враќаат дома разочарани

Денар

27/07/2024

14:28

11.414

Големина на фонт

а а а

Секоја година, многу Македонци со надеж дека ќе заработат брдо пари заминуваат на сезонска работа во Хрватска, но оваа година, иако сезоната сè уште е во полн ек, многумина се враќаат дома разочарани.

Со ветувања за добри заработки и услови, тие се соочиле со реалноста на ниски плати и екстремно високи трошоци за живот.

Платите за обичните работници се движат од 1.200 до 1.300 евра, додека само квалификуваните готвачи можат да очекуваат околу 2.000 евра месечно.


Оваа ситуација ги тера многумина да се прашаат дали вреди да ја напуштат својата татковина за вакви услови.

Меѓу нив е и 29-годишниот скопјанец Стефан Глигоров кој неколку месеци работел во пицерија во Дубровник.

Тој сподели дека, иако работата била стабилна, трошоците за живот биле толку високи што едвај успевал да спаси нешто од својата плата.

„По цел ден работа, сметки и скапа храна, едвај ми остануваа пари. Сфатив дека подобро е да се вратам дома и да продолжам со мојата првична професија во спортска обложувалница, каде што барем знам што да очекувам“, ни изјави Глигоров.


Ова масовно враќање на работниците предизвика загриженост меѓу експертите за работна сила, кои предупредуваат дека овој тренд може да има долгорочни последици за економијата на Македонија.

Со секој работник кој се враќа, се губи потенцијал за испраќање на девизи во земјата, што е важен извор на приходи за многу семејства. Исто така, постои ризик од губење на вештини и искуство кое би можело да биде корисно за домашната економија.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг