Саркофаг од римско време откриен на плажа во Бугарија: Не е познато како се нашол таму

Точка

25/07/2024

10:25

11.839

Големина на фонт

а а а

Димензиите на саркофагот се приближно 90x235x75 цм, а декорацијата е украсена со венци, животински глави, лабрис и други слики.

Античкиот саркофаг од римско време случајно бил откриен на плажа во близина на одморалиштето Свети Константин и Елена во Варна, соопштило бугарското Министерство за внатрешни работи.

Поранешен полицаец забележал саркофаг во близина на новоизградениот, но се уште нефункционален комплекс ги пријавил во Петтото регионално одделение во Варна.

Увид во локалитетот извршиле експертите од Археолошкиот музеј и претставник на Главната управа при "Инспекцијата за заштита на културно наследство" при Министерството за култура.

Заклучиле дека саркофагот датира од римско време, поточно од вториот или трет век од новата ера, со богати релјефни декорации.

Димензиите на саркофагот се приближно 90x235x75 цм, а декорацијата е украсена со венци, животински глави, лабрис и други слики.

Тешкиот артефакт е пренесен во Археолошкиот музеј во Варна на понатамошно испитување.

Од бугарското МВР не изнеле дополнителни детали за тоа како саркофагот завршил на плажа. Случајот е пријавен во Окружното обвинителство во Варна, а увидот е во тек.




Спонзорирани линкови

Маркетинг