[ВИДЕО] ВАР во Венецуела е тотална комедија: Каква ви е таа линија?

Точка

23/07/2024

16:32

1.697

Големина на фонт

а а а

Технологијата во фудбалот, изгледа, се уште не е совршена.

"Видеосудијата" донесе многу добри работи во фудбалот, но дефинитивно има и некои лоши. Еден од полошите примери доаѓа од Венецуела, каде една ВАР проверка станала предмет на исмејување на социјалните мрежи.

„Каква ви е таа линија?“, се запрашале фановите и во право се што прашуваат.

Линијата е толку очигледно повлечена накосо, што на некого во таа "ВАР" соба би требало да му биде малку непријатно.

Погледнете го инцидентот кој се случил на натпреварот меѓу Пуерто Кабеља и Португесе.