Тркалото на животот: Ја освои ПЛ, настапуваше за Англија, сега работи на градилиште

Дерби

23/07/2024

13:13

1.780

Големина на фонт

а а а

Животот на спортистите знае да биде навистина тежок, да достигнете височини, но и да бидете на дното, а за тоа има многу приказни.

Последната која ни доаѓа е од човекот кој беше дел од тимот на Лестер кој направи вистинска сензација во Премиер лигата во сезоната 2015/2о16-тоа е Дени Дринквотер. Тој имаше значајна улога во освојувањето на шампионската тутула и од тука се очекуваше неговата кариера да оди во нагорна линија.

Меѓутоа се случи обратното, се пресели во Челси, потег кој се покажа како многу лош затоа што од тука почна неговиот пад, постојано беше испраќан на позајмици за да во 2023 година Дринквотер објави дека ја завршува кариерата.

Откако се пресели во Челси почнаа и други проблеми, проблеми во приватниот живот, проблеми со законот, алкохолот за да денеска работи сосема друга работа.

Тој денеска работи на градилиште, некои луѓе имаа негативни коментари за тоа, а тој им порача дека тоа е негов избор и му се допаѓа.