Ширер прогнозираше кој ќе игра во финалето и ќе го освои пехарот во ЛШ

Дерби

11/09/2026

13:10

563

Големина на фонт

а а а

Започна новата сезона во Лигата на шампионите, најважното и најтешкото клупско натпреварување во кое не секогаш победува најдобриот тим туку оној кој ќе покаже најцврст карактер, силен менталитет и ќе може да се справи со сите предизвици.

Иако сме во раната фаза веќе доста се коментира, зборува за фаворити, за тоа кој може да стигне до самиот крај, па се разви една интересна дискусија меѓу Гери Линекер, Алан Ширер и Мика Ричардс во подкастот „The Rest Is Football“.

- Тие два тима [Барселона и ПСЖ] веројатно се фаворити, заедно со можеби Арсенал, но Барселона во моментов изгледа малку подобро, - истакна Линекер.

- Секако дека сè зависи од тоа како ќе заврши ждрепката, но јас типувам на Барселона како шампион, победувајќи го Арсенал во финалето. Би било неверојатно за нив да ја освојат три пати, трипати во низа, затоа одам со Барселона, - порачал Ширер.

- Не можеме сите да одиме со Барселона. Оваа сезона ми се допаѓаат, мислам дека е нивен ред. Имам чувство дека ПСЖ нема да ја освои титулата оваа сезона и мислам дека ќе биде меѓу Барселона и Арсенал - додаде Линекер.

- Не го исклучувајте Реал Мадрид. Во еден единствен натпревар, тактички, играчички, самодоверба, не би го исклучил Реал Мадрид. Ако треба да изберам еден, би рекол ПСЖ само затоа што можат да ги ротираат своите играчи во текот на целата сезона и тоа е огромна предност, - рекол пак Ричардс.