Пешиќ ги одбра патниците за Париз, нема место за играчот кој четири години настапува во НБА лигата

Дерби

23/07/2024

13:11

7.193

Големина на фонт

а а а

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ ги одбра играчите со кои ќе настапи на престојните Олимписки Игри кои ќе се одржат во Париз.

Лидер на оваа генерација дефинитивно ќе биде Никола Јокиќ кој помогнат од Бојан Богдановиќ и останатите треба да ја вмешаат Себија во битката за медали иако конкуренцијата е навистина жестока.

Пешиќ на крајот реши Никола Јовиќ и Дејан Давидовац сепак да бидат дел од тимот иако се мачат со повреди и комплетно не ги одработија подготовките за Париз.

Отпаднаа четири имиња Јарамаз, Ристиќ, Раданов, но и Покушевски кој во изминативе четири години настапува во НБА лигата.

Само за потсетување Србија е во група со САД, Јужен Судан и Порторико.