СДСМ: Дали и Муцунски, и Тошковски и Мисајловски имаат исто така проблем со колената

Макфакс

23/07/2024

09:42

877

Големина на фонт

а а а

Според СДСМ, Христијан Мицкоски ги призна луксузните патувања, скапите билети од 20.000 евра и бизнис-класите платени со пари на граѓаните.

Но, во исто време, како што додаваат од оваа партија, Мицкоски лаже и ја потценува интелигенцијата на граѓаните. Особено кога, како што велат, без око да му трепне вели дека причина за тоа биле проблемите со колената.

„Дали Муцунски, Тошковски и Мисајловски исто така имаат проблем со колената? Па затоа мора и тие да патуваат со бизнис-класа?

Зошто молчеше и се криеше со денови откако СДСМ го откри јавно скандалот со луксузните патувања?

Ќе ги објави ли сега Владата сите трошоци што ги платија граѓаните за луксузните прошетки на Мицкоски и неговите министри?

Наместо да води грижа за секој денар, за тоа како да се трошат парите, Мицкоски дрско, дури и безобразно мува не го лази за начинот на кој се расфрла и се луксузира на државен трошок“, се истакнува во реакцијата на СДСМ.

Ова, според опозициската партија, ги покажува ароганцијата и потценувањето на граѓаните, но и начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе се однесуваат, душмански со парите на граѓаните, за сопствени луксузирања.