Муцунски и Пирс разговараа за безбедноста и европската интеграција на регионот

Макфакс

24/09/2026

21:31

161

Големина на фонт

а а а

Министерот Муцунски и специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс, разговараа во Њујорк за безбедноста, стабилноста и европската интеграција на регионот, како и за јакнењето на економската соработка и демократските институции.

Попладнево во Њујорк, на маргините на Генералното собрание, министерот Муцунски оствари средба со специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс.

Во фокусот на разговорите беа стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан, актуелните регионални предизвици, како и натамошното продлабочување на односите меѓу двете земји во рамките на стратешкото партнерство.

Акцентот на средбата беше ставен на реформските процеси, јакнењето на демократските институции, владеењето на правото, сојузништвото во НАТО и заедничкиот придонес кон европската и евроатлантската безбедност.

Соговорниците се осврнаа и на економската соработка, конкретните проекти преку партнерството „влада со влада“ и иницијативите од Берлинскиот процес за поголема регионална поврзаност и економски развој.