Австралиската „OnlyFans“ ѕвезда, проститутка и порно актерка Бони Блу, открила за „News.com.au“ зошто мисли дека мажите ѝ плаќаат за секс и зошто мисли дека нивните сопруги се виновни за тоа.
Премногу стрес
„Тие сакаат да го одвлечат вниманието од секојдневниот живот бидејќи доживуваат премногу стрес“, вели Бони, додавајќи дека откако ќе се разделат со неа, мажите можат да се вратат на својот секојдневен живот и да бидат подобри татковци и сопрузи.
Здодевност
Таа како друга причина ја навела здодевноста. Бони верува дека брзо им здодејува да спијат само со една личност и плаќаат за нејзините услуги за да доживеат малку возбуда и да ја разбијат монотонијата.
Фантазија
„Спиењето со порно ѕвезда е фантазија на секој маж“, навела таа како трета причина. „Кога се со мене, можам да им го остварам тој сон“.
Привлечност
„Едноставно сум позгодна од нивните сопруги“, изјавила Бони.
Недостаток на сексуална привлечност
Како главна причина Бони навела дека сексуалната привлечност во браковите исчезнува со текот на годините. „Жените не ги задоволуваат своите сопрузи како што тие би сакале и не ги исполнуваат нивните желби и потреби“, изјави оваа порно ѕвезда.
Бони објаснила дека многу мажи ѝ се отвораат и зборуваат за нивните бракови. Најчеста причина која ја наведуваат е токму тоа дека им фали секс во бракот. Проблем е и недостатокот на комуникација меѓу партнерите, вели таа.
„Жените би требало помалку да приговараат“
„Воопшто не ги обвинувам мажите кои одлучуваат да ги користат моите услуги. Ги обвинувам сопругите. Тие треба да научат како да ги задоволуваат своите мажи, помалку да приговараат и можеби тогаш не би имала толку многу посети од нивните партнери“.