Голем успех на младата марка: Продадени 100.000 примероци за три часа

Точка

13/07/2024

20:15

12.800

Големина на фонт

а а а

Технолошката компанија неодамна го претстави својот подбренд „CMF“, кој се досега се фокусираше на додатоци за паметни телефони по пристапни цени.

Станува збор за „Nothing“ и нивниот „CMF Phone 1“, кој по цена од 200 евра за само три часа се продал во 100.000 примероци.

Оваа вест ја споделиле на платформата „X“, велејќи дека последен пат ја постигнале таа бројка со „Nothing Phone 2a“, но за 24 часа.

Во изјавата за „GSMArena“, ко-основачот на „Nothing“ Акис Евангелдис изјавил: „По големиот успех кој го имаше „Phone (2a)“ во март, „CMF Phone 1"носи вистинско освежување во сегментот на поевтини телефони кој во последно време беше здодевен и занемарен“.

„Продажбата не ни е крајна цел, туку резултатот од создавање на одлични производи кои корисниците ги сакаат. Неизмерно сме благодарни на позитивниот прием на пазарот и постигнувањето на овој рекорден резултат во првиот ден од продажбата“, додал тој.