Лефков: Филипче сакаше да ја остави државата без јавно здравство, а Фрчкоски трошеше пари без отчет

Макфакс

08/07/2024

13:53

665

Големина на фонт

а а а

Грдото лице на власта на СДС и ДУИ се корумпираните функционери, кои уште продолжуваат да владеат со овие партии. Венко Филипче, кој го води СДС, и Љубомир Фрчкоски, кој нема отчет како ги трошел народните пари, се пример зошто СДС изгуби катастрофално, истакна на прес-конференција Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Ако Љубомир Фрчкоски нема отчет како ги трошел парите на Мисијата, вели Лефков, Венко Филипче не сака воопшто да има потреба од давање отчет и има на план да го приватизира здравството во целост.

„Венко Филипче пред заминување од функцијата министер за здравство јавно рече дека размислува државата да не инвестира во здравствена инфраструктура и да не плаќа за неа, туку да плаќа само услуга.

Филипче јасно ѝ стави до знаење на јавноста дека сака да ги приватизира болниците и да не гради нови, туку тоа да го прават приватни фирми, а државата да им плаќа за лекување на пациентите.

Дали Филипче дојде на местото претседател на СДС со надеж некогаш во иднина да се обиде повторно да го реализира својот план и да ја остави државата без јавно здравство?“, прашува Лефков.

Додава дека по истиот принцип по кој се однесува Филипче се однесувал и Фрчкоски.

„Тоа е матрицата на СДС и грдото лице на власта на СДС и ДУИ.

Со СДС и ДУИ имаше помалку за народот и државата, а повеќе за мафијата. Тоа време заврши. Тоа време веќе не смее да се повтори“, потенцира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг