[ВИДЕО] Трогателната приказна на еден очув: Со години одгледувал туѓо дете како да е негово, на крајот му било вратено на овој начин

Кармин

14/06/2024

16:51

5.712

Големина на фонт

а а а

На социјалната мрежа „Instagram“ било објавено видео кое насолзило многумина. Видеото трае кратко, меѓутоа, доволно за да ни покаже дека крвната врска понекогаш е сосема безначајна, а многу поважни се љубовта и вниманието кои создаваат најсилни врски меѓу луѓето.

Тоа ни го докажа и извесна девојка со која очувот, кој ја одгледувал 25 години, изградил таков однос. За неа тој е татко во вистинска смисла на зборот, па одлучила со еден гест да му покаже колку ѝ значи и колку е благодарна што како родител бил безусловно за неа сето време.

Имено, девојката се породила и на свет донела прекрасно девојче. Па така, таа му приредила изненадување на својот татко и да ја сними неговата реакција. Таа го прашала: „Погоди како се презива!“, алудирајќи на нејзината ќерка.

Кога ја прашал: „Како?“, нејзиниот одговор му предизвикал солзи радосници и лавина емоции.


Девојката одлучила нивната ќерка да го носи презимето „Бојд“, што е презимето на нејзиниот очув, односно дедото на малото девојче. Одлучила дека девојчето ќе ја продолжи семејната традиција на дедо со кој не е во крвна врска, но конекцијата која ја имаат е многу посилна од биолошката. Колку тоа му значи ни говори реакцијата на гордиот и пресреќен дедо.

Коментарите на корисниците на ова видео се многубројни: „Преубаво и преемотивно“, „Браво! Прекрасно! Толку емоции во толку малку секунди“, „Браво, на твоето дете му даде презиме на човекот кој те одгледа и ти пружил прекрасно детство“, „Секоја чест како ја одгледал. Почит за него. И таа заслужува почит, го наградила со тоа што внуката сега ќе го носи неговото презиме“.

Една корисничка искоментирала: „Воопшто не е важно што е очув, можеби ја чувал подобро и од татко. Маќеа и очув се само грди називи“, додека друга оставила коментар кој всушност е суштина на целата приказна: „Не е родител оној кој ќе направи дете, туку оној кој те одгледува и воспитува. Родител е тој кој се грижи за тебе и ја знае секоја твоја болка и радост, тоа е вистински родител!“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk