[ВИДЕО] Бајден не се „изгуби“ на самитот на Г7 – тој го поздравуваше падобранецот во близина

Макфакс

14/06/2024

14:04

5.963

Големина на фонт

а а а

Не е точно дека Бајден, за време на самитот на Г7 во Италија, во еден момент додека бил заедно со другите светски лидери, „се изгубил“, односно заминал подалеку од групата, а италијанската премиерка го вратила кај другите.

Странски проверувачи на факти пишуваат дека Бајден се оддалечил на неколку чекори од групата, но за да го поздрави со „кренат палец“ падобранецот во непосредна близина на групата. 

Светските лидери во моментов се во Италија на состанокот на Г7 чиј домаќин е италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Снимката емитувана споделена на Икс од страна на вишиот заменик-секретар за медиуми на Белата куќа, Ендрју Бејтс, покажува дека Бајден крева палец додека ѝ се приближува на групата падобранци во позадина

Пред тоа, на едно видео беше прикажано како американскиот претседател и салутира на Мелони, а истото го направи и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг