Сончево и топло, попладне со пороен дожд и грмежи

Макфакс

16/07/2026

07:42

231

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево и топло со услови за локален пороен дожд и грмежи попладне. Во следните денови се очекува нестабилност со дожд и засилен ветер, додека температурите ќе се задржат високи над 30 степени.

Времето денеска, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 37 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено топло ќе биде до недела кога дневната температура насекаде ќе бидат над 30 степени.