И во иднина ќе биде лидер на францускиот шампион: Џејмс потпиша нов договор со Монако

Дерби

14/06/2024

13:57

8.322

Големина на фонт

а а а

Американскиот интернационалец, Мајк Џејмс и во иднина ќе настапува за најдобриот француски клуб Монако.

Имаше доста шпекулации околу иднината на плејмејкерот во изминатиов период, се говореше за неколку можни сценарија, меѓутоа ниту едно од нив не се реализираше или поточно тој си подаде рака со клубот за продолжување на соработката до 2027 година.

Мајк е клучен играч на составот од малото кнежество, актуелен МВП на Евролигата и играч кој пред неколку дена беше прогласен за најкорисен во финалето на францускиот шампионат.

Најголемиот дел од досегашната кариера го има минато во Европа настапувајќи во клубови од Хрватска, Грција, Израел, Шпанија, Русија, Италија, а во НБА лигата беше дел од Бруклин Нетс, Феникс Санс и Њу Орлеанс Пеликанс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг