Македонците обожуваат да го јадат овој вид леб, но нутриционист предупредува: „Го зголемува ризикот од воспаленија“

Точка

13/06/2024

16:45

6.720

Големина на фонт

а а а

Лебот е основна намирница во многу делови од светот, но не сите видови леб се подеднакво корисни за нашето здравје.

Посебно лебот направен од рафинирано брашно може да предизвика воспаление во телото поради високиот гликемиски индекс, ниската содржина на влакна и присуството на адитиви и конзерванси. Овие фактори може да предизвикаат нагли скокови на шеќерот во крвта и проблеми со здравјето на цревата.

Нутриционистката Лиза Ричардс нагласува дека треба да го ограничиме внесот на одредени видови леб доколку сакаме да го намалиме ризикот од воспаленија. „Белиот леб, кој често се користи за сендвичи, е најнездрав од многу причини, особено поради неговите воспалителни ефекти“, изјавила таа за „SheFinds“.


Прекумерното консумирање бел леб може да предизвика нагли скокови на шеќерот во крвта и проблеми со здравјето на цревата. Белиот леб се прави од рафинирано брашно кое брзо го зголемува нивото на шеќер во крвта, што може да доведе до воспаленија. Покрај тоа, содржи адитиви и конзерванси кои можат да ја нарушат работата на цревата и дополнително да предизвикаат воспаление.

Ричардс објаснува: „Преработената храна како белиот леб поминува низ процес на рафинирање каде што влакната и корисните хранливи материи се отстрануваат и се заменуваат со нездрави верзии“. Ова може да придонесе и за зголемување на телесната тежина.

Таа исто така предупредува дека белиот леб може да го наруши здравјето на цревата со предизвикување воспаление и хранење на лоши бактерии, што доведува до нерамнотежа на цревната флора. Наместо тоа, Ричардс препорачува да се консумира ‘ржан леб или леб од цели зрна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг