[ФОТО/ВИДЕО] Мистериозна маса убива доколку во неа гледате 5 минути: Досега се забележани само неколку фотографии – Научниците немаат одговори

Точка

21/05/2024

19:10

17.053

Големина на фонт

а а а

300 секунди поминати покрај оваа мистериозна маса ќе ви остават само два дена живот!

Смртоносната маса на зацврстена лава, широка два метри, формирана е по топењето на јадрото на нуклеарниот реактор во Чернобил. Поради силното зрачење досега се направени само неколку фотографии од таканареченото слоново стапало.

Дури и сега, речиси 40 години по катастрофата, влегувањето во комората каде што се наоѓа, би можело да биде смртоносно, а заканата може да трае со векови.


Реакторот број 4 во нуклеарната електрана во Чернобил, да потсетиме, доживеал неочекуван електричен удар на 26 април 1986 година.

Процедурите за итно исклучување не успеале и температурите во јадрото почнале да растат сè додека реакторот не експлодирал во најголемата нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото.

Комората под реакторот веднаш станала едно од најопасните места а планетата.

Реакторот станал толку жежок што челикот и бетонот, кој бил користен за заштита на јадрото, се стопиле во радиоактивната лава. Материјалот собрал повеќе компоненти, претворајќи сè во комплексен хаос од радиоактивни хемикалии. Кога мешавината од песок, бетон и нуклеарно гориво конечно се оладила, се зацврстила во нов материјал наречен кориум.


Една маса од кориум, која пропаднала во ходникот под реакторот, станала позната како „слонова нога“ поради својот карактеристичен облик. Испушта околу 1.000 пати повеќе од нормалната доза на зрачење.

По 30 секунди изложеност, човекот би имал вртоглавици една недела, а по две минути би почнал да крвави. По четири минути би добил треска и би се јавило повраќање и дијареја. Пет минути во комората значи дека сигурно ќе умрете два дена подоцна.

Кориумот инаку е многу редок, тој е произведен само 5 пати во историјата, а никој не е сосема сигурен како „слоновата нога“ ќе се промени со текот на времето. Тој е мешавина од ураниум, титаниум, циркониум, магнезиум, графит и силициум диоксид.


Масата, која го добила своето име поради својата форма, денес е закопана под земја, а поранешниот реактор е покриен со дебела бетонска „капа“ која спречува радиоактивното зрачење да излезе во околината. „Слоновото стапало“ ќе остане смртоносно илјадници години, а во 2021 година беше проценето дека масата станала ситна како песок.

Видеото, кое го погледнаа повеќе од шест милиони корисници на „TikTok“, прикажува дел од остатоците од стопеното јадро на нуклеарниот реактор во Чернобил, кој беше уништен во катастрофата во 1986 година.

Снимката е направена во 2000 година од нуклеарните техничари Александар Купниј и Сергеј Кошелев.


На видеото објавено на „TikTok“ повремено се гледаат бели дамки. Се објаснува дека дамките не се резултат на грешка во камерата, туку се предизвикани од радиоактивно зрачење во просторијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг