Galaxy AI во рацете на 8,8 милиони луѓе: Револуцијата со вештачката интелигенција навистина сега започнува

Точка

20/05/2024

14:17

8.789

Големина на фонт

а а а

Samsung го претстави своето ажурирање на фирмверот One UI 6.1. Тоа ја носи Galaxy AI, технологија која беше лансирана само два месеци по глобалното претставување, на постарите уреди. Ако сте сопственик на серијата Galaxy S23, на телефоните Z Fold5 или Z Flip5 или на таблетот Tab S9, не заборавајте да го инсталирате тоа ажурирање. Иако ажурирањата на фирмверот се нешто што го правиме редовно, ажурирањето One UI 6.1 е малку поинакво. Овој пат не се работи само за додавање дополнителни карактеристики без потреба од нов хардвер. Овој пат станува збор за ставање пакет на најсовремени алатки во рацете на повеќе луѓе ширум светот.

Функциите на Galaxy AI се дизајнирани за да ги подобрат работите што ги правиме на нашите телефони секој ден, како што се комуникација, организација на нашите животи и креативно изразување. Со обезбедување на функциите на Galaxy AI на постарите уреди, ние ја правиме нашата најнова иновација што е можно подостапна. Ова е многу важно за Samsung бидејќи веруваме дека одговорност на технолошките компании е да обезбедат вештачката интелигенција за сите. Вештачката интелигенција не смее да биде резервирана само за малкумина привилегирани, туку таа мора да биде достапна за целиот свет. А важен начин за ова проширување е преку најпристапниот медиум од сите - мобилниот телефон.


Значи, One UI 6.1 не е само уште едно ажурирање: Тоа ги претставува следните чекори на Samsung во демократизацијата на овие алатки кои го подобруваат животот.

Чекори за зајакнување на корисниците

Реакциите на клиентите беа навистина позитивни откако Galaxy AI беше претставена на нашите паметни телефони од серијата Galaxy S24 во јануари. Тој одговор одекна низ целиот свет бидејќи сè повеќе луѓе ја користат Galaxy AI и таа е составен дел од нивниот секојдневен живот. Низ Европа, 8,8 милиони луѓе веќе направиле ажурирање One UI 6.1, а тој број дополнително порасна од почетокот на мај, бидејќи Galaxy AI ја донесовме на серијата Galaxy S22, на телефоните Galaxy Z Fold4 и Flip4, како и на серијата таблети Tab S8. До крајот на 2024 година, очекуваме да обезбедиме искуство со Galaxy AI за над 100 милиони наши корисници ширум светот.

Samsung инвестира во вештачка интелигенција повеќе од една деценија. За цел тој период, ние сфативме дека иако вештачката интелигенција има неограничен потенцијал, таа мора внимателно да се користи. Нејзините примени мора да бидат значајни. Нејзините карактеристики мора да бидат вистински корисни и способни за навистина да го подигнат стандардот на животот на корисниците. Корисниците ќе прифатат вештачка интелигенција само ако функциите донесат вистинска вредност и влијание врз нивните животи.


Затоа, најпопуларните карактеристики на Galaxy AI се Превод во живо (Live Translate), која обезбедува нови начини за надминување на јазичните бариери, додека карактеристиката Помош за транскрипција (Transcript Assist) ја олеснува организираноста повеќе од кога било. Корисниците, исто така, обожуваат да ја користат карактеристиката Пребарување со заокружување (Circle to Search) во партнерство со Google, која овозможува нови начини за откривање страсти и инспирации со едноставна гестикулација. Досега, најголемата предност е камерата и функциите за уредување снимки со вештачка интелигенција, кои речиси секому дозволуваат да ја долови магијата на моментот, издигнувајќи го креативниот израз до нови височини.

Сите овие се алатки го олеснуваат животот, а ажурирањето One UI 6.1 го претставува нашиот пристап за сè поголема достапност. Ние сме водени од она што нашите клиенти го сакаат од тие функции. Имајќи предвид дека вештачката интелигенција треба да ни го олесни животот, никој не треба да се грижи дали таа ќе функционира правилно на нашите уреди. Сметаме дека искуствата со вештачката интелигенција треба да бидат беспрекорни и лесни за користење, па затоа ние ја проценуваме секоја функција во контекст на можностите на секој уред и ја гарантираме нивната компатибилност.

Логичноста и беспрекорното корисничко искуство се клучни за нашата одлука да избереме хибриден пристап кон вештачката интелигенција. Овие карактеристики функционираат и на уредот и во „облак“, при што леснотијата на ракувањето се урамнотежува со потребата на корисникот за побрзо работење од една страна и обезбедување на приватност од друга страна.

Една големина не одговара за сите

Технолошката индустрија има двојна одговорност. Мора да продолжиме да ги унапредуваме границите на вештачката интелигенција за да откриеме нови и подобри начини да го направиме животот поудобен. Во исто време, мораме да се погрижиме овие клучни иновации да бидат достапни за сите, за никој да не заостанува. Samsung ова го зема предвид, бидејќи ние ги насочуваме можностите за примена на вештачка интелигенција на поголем дел од нашите производи и им даваме на луѓето повеќе начини да си го олеснат животот. Правејќи ја вештачката интелигенција подостапна, од клучно значење е да не ја намалуваме нејзината корисност или релевантност за корисниците насекаде.

Ние не ги обезбедуваме овие иновации на повеќе уреди со безумно испраќање на нов фирмвер. Наместо тоа, ние го оптимизираме искуството за различни форм-фактори. Ова е единствениот начин да се уверите дека искуството може да биде без напор и интуитивно, без разлика дали корисникот избира традиционален „candy bar“ телефон, телефон на преклоп или таблет - и дали ги користи тие уреди сами или како дел од екосистем со нивните поврзани телевизори и апарати за домаќинство.

За вештачката интелигенција да функционира за сите не е јасен и рамен пат, затоа мора да размислуваме долгорочно за да ги поддржуваме корисниците. Ова е една од причините зошто Samsung воведе седум години надградби на оперативниот систем и до седум години безбедносни надградби на уредите на Galaxy, за корисниците да можат безбедно да уживаат во нив подолго време.


И не застануваме тука. Токму со ова високо ниво на контрола ние ја интегрираме Galaxy AI во нашето широко портфолио и ја воведуваме во нови форм-фактори. Како што го прошируваме пристапот до вештачката интелигенција, работиме и на проширување на самото значење на овие искуства. Galaxy AI во формат на носив уред, на пример, може добро да го промени начинот на кој луѓето пристапуваат кон личното здравје. Можностите се бескрајни, но примените мора внимателно да се земат предвид.

Додека продолжуваме да ги поместуваме границите на она што е можно со вештачката интелигенција, Samsung е горд што го претстави One UI 6.1. Изградено врз основа на децениската експертиза на Samsung во корисничките искуства, со увиди од преку 1 милијарда корисници на мобилни телефони ширум светот, One UI 6.1 е повеќе од ажурирање на фирмверот. Тоа е мост до иднината каде што вештачката интелигенција не е луксуз, туку универзално достапен стандард кој го подобрува животот за секого.

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.




Спонзорирани линкови

Маркетинг