Спиела само со еден маж во животот и му родила три деца: Пејачката која се бори со сериозен здравствен проблем, од нив ја добива најголемата поддршка

Кармин

17/05/2024

12:15

14.950

Големина на фонт

а а а

Популарната пејачка Селин Дион, била во брак со музичкиот продуцент Рене Анжели со којшто има тројца синови. Тие се нејзината најголема поддршка.

Светски познатата пејачка Селин Дион, во средата се огласила на социјалната мрежа Инстаграм со објава на која позирала во бекстејџ со своите тројца синови и пејачот на Ролинг Стоунс, Мик Џегер, по неодамнешниот концерт на групата на стадионот „Allegiant “ во Лос Анџелес.

„Минатата сабота имав прилика да бидам на концертот на Ролинг Стоунс на нивната турнеја во Вегас. Каква неверојатна претстава“, напишала пејачката.

„Големо благодарам до Мик Џегер што срдечно го дочека моето семејство“, истакнала пејачката.

Пејачката која ги има своите синови со својот покоен сопруг Рене, носела црвен фустан и заблескала.


Се чинело дека пејачката наградувана со Греми имала прекрасна вечер среде нејзината здравствена криза со болеста која се нарекува синдром на вкочанета личност.

Во текот на саботниот концерт, Дион била забележана како танцува и плаче додека легендарниот рок-ансамбл ги изведувал своите нумери.

Дион минатиот месец за француски „Vogue“ изјавила дека се чувствува среќно што има голема поддршка, како и ресурси да биде во тек со својата здравствена состојба.

„Љубовта на моето семејство и моите деца, но и љубовта од фановите и поддршката од мојот тим“, рекла Дион, па додала: „Луѓето кои патат од синдромот на вкочанета личност можеби немаат доволно среќа или немаат средства да имаат добри доктори и добри третмани.

Имам средства, а ова е подарок. Ја имаат таа сила во себе. Знам дека ништо не може да ме запре“, истакнала Селин Дион.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk