Астрономите открија нова планета: Многу е чудна, а една работа ја поврзува со Земјата

Точка

16/05/2024

14:30

12.406

Големина на фонт

а а а

Астрономите веруваат дека планетата орбитира синхроно, така што истата страна која се нарекува дневна страна, секогаш е свртена кон ѕвездата, а од другата страна, ноќната страна е заробена во бескрајна темнина.

Астрономите открија нова планета со големина на Земјата која кружи околу мала, студена ѕвезда за која се проценува дека постои 100 пати подолго од Сонцето.


Карпестиот свет на таа планета наречена Спекулус-3б, оддалечен е 55 светлосни години од Земјата и откриен додека се движел пред својата ѕвезда домаќин, ултра-студената џуџеста ѕвезда која е дупло постудена од топлото Сонце и 100 пати помалку сјајна, пренесува лондонски „Гардијан“.

Новооткриената планета е опишана „практично со иста големина како Земјата“ која се врти околу црвената џуџеста ѕвезда на секои 17 часа, така што ја прави годината на планетата пократка од еден ден на Земјата.

Но, додека годините на Спекулус-3б се пократки, на деновите и ноќите им нема крај.

„Веруваме дека планетата орбитира синхроно, така што истата страна која се нарекува дневна страна секогаш е свртена кон ѕвездата, баш како што и Месечината е свртена кон Земјата. Од друга страна, ноќната страна е заробена во бескрајна темнина“, изјавил Мишел Гијон, астроном од Универзитетот во Лиеж во Белгија и главен автор на студијата.


Ова е вториот планетарен систем којшто е откриен околу една ваква џуџеста ѕвезда, по детекцијата на седум карпести светови околу Трапист-1, уште една студена црвена, џуџеста ѕвезда оддалечена 40 светлосни години од Земјата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг