Овој трилер има 93% на „Rotten Tomatoes“, а моментално е втор најгледан на „Netflix“

Точка

08/05/2024

14:08

3.184

Големина на фонт

а а а

„Barbarian“, хорор-трилер од 2022 година, со денови доминира на листата на најгледани филмови на „Netflix“. Филмот, во режија и сценарио на Зак Крегер, моментално е вториот најгледан филм на „Netflix“ во светот.

Приказната ја следи Тес, млада жена која изнајмува куќа во Детроит ноќта пред интервјуто за работа. Но, кога ќе стигне до имотот, Тес дознава дека дошло до грешка бидејќи куќата истовремено ја изнајмил друг човек, маж по име Кит. Иако Кит ѝ изгледа сомнително на почетокот, Тес брзо открива дека во куќата што ја изнајмила се наоѓаат многу полоши работи.

Главните улоги во трилерот ги толкуваат Џорџина Кембел, ѕвездата на филмот „Bird Box Barcelona“, Бил Скарсгард, кој е најпознат по улогата на Пенивајз во хоророт „It“ и Џастин Лонг, кој се појави во филмовите „Jeepers Creepers“ и „Drag Me to Hell“.

Критички и комерцијален успех

„Barbarian“ беше премиерно прикажан на „San Diego Comic-Con“ каде што ја воодушеви публиката и критичарите. Филмот имаше и огромен комерцијален успех, заработувајќи 45,4 милиони долари во кината ширум светот.


На порталот „Rotten Tomatoes“ има високи 93 проценти, а критичарите напишаа дека е „паметен, полн со црн хумор и страшен“ и дека на љубителите на хорор филмовите им нуди „морничаво и постојано непредвидливо возење полно со возбуда“.

„Ми се допадна овој филм. На почетокот е чуден, а потоа станува уште почуден“, „Многу вознемирувачки филм, не очекував дека ќе оди во таа насока. Ми се допаѓа“, „Ми се допадна концептот и приказната беше интересна, но не сум импресиониран од крајот“, гласат дел од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг