[ВИДЕО] Дрскост која ги згрози фановите: Ембид малтретираше работник пред натпреварот, погледнете ја невидената грубост на кошаркарот

Точка

05/05/2024

16:43

9.928

Големина на фонт

а а а

Ако овој момент не беше снимен, многу луѓе тешко би поверувале дека Џоел Ембиид би можел да падне толку ниско.

Сè уште актуелниот МВП на НБА лигата, кошаркарската суперѕвезда и човек кој само оваа сезона заработил близу 50 милиони долари, ја искористил својата „моќ“ и малтретирал чувар во салата каде што играл неговиот тим...

Сезоната за Филиделфија заврши со поразот од Њујорк со 4-2 во првото коло од плејофот на Источната конференција, а кошаркарот роден во Камерун, кој вети дека ќе игра за Франција, а на крајот сепак ќе го облече дресот на САД, уште еднаш ја покажа својата дрскост.

Неговото однесување ги згрози фановите, љубителите на кошарката и корисниците на социјалните мрежи кои го виделе видеото.

Видеото е снимено пред еден од натпреварите што се играат во Њујорк, за време на загревањето. Ембиид се судри со член на обезбедувањето кој стоеше до теренот, а некои од помошните тренери на Филаделфија решија да го заштитат својот кошаркар во оваа ситуација и да му објаснат на чуварот како треба да се движи.

Не помогна тоа што човекот објасни дека неговата работа е да застане покрај теренот и да ги гледа трибините за тој да ги чува кошаркарите, а додека се одвиваше разговорот, Ембиид изгледа намерно удри во човекот кој, повторуваме, стоеше покрај теренот.

Видеото од оваа ситуација брзо собра милиони прегледи и голем број коментари. На навивачите не им е јасно зошто Ембиид шутира надвор од теренот и зошто вака безобразно и дрско се однесува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг