Албанскиот крал на Инстаграм ја променил плочата: Се фалел со луксуз и заработка од марихуана, а сега се нашол на удар од англиските медиуми

Точка

23/04/2024

16:11

1.779

Големина на фонт

а а а

Албанскиот инфлуенсер познат како „Крал на Инстаграм“ станал мета на британските таблоиди и тоа по серија бизарни снимки во кои на своите следбеници им покажувал како да заработуваат големи пари од трговија со дрога.

Козак Браци, кој има повеќе од половина милион фанови на ТикТок и Инстаграм, со своите следбеници споделувал снимки од посети на фарми за канабис во живо. Во таа прилика тој им давал совети како илегално да влезат во Британија, а притоа им открил дека од таа работа може да се заработат до 6.000 фунти месечно.

„Убаво е да се престојува во куќа со канабис. Таму можам да живеам без проблеми“, им рекол тој на фановите во една од снимките.

На друга снимка се гледа како Браци ги прашува експертите за шверц на луѓе како можат илегално да влезат во Британија во камион.

„Знаете дека има многу браќа и сестри во проблем. Можете ли да кажете како да одите таму незабележано, да не ве откријат? Како се прави тоа?“, прашува тој.

Грахам Ветоне, поранешен полицаец во Мет полицијата на кого Експрес му ги покажал видеоснимките, ги опишал како „величање на производство на дрога во Велика Британија“ и намамување на потенцијални криминалци во Велика Британија.


Од мрежата заработува 25.000 фунти

Браци тврди дека заработува 25.000 фунти месечно од своите профили на социјалните мрежи и редовно споделува фотографии на кои позира со скапи автомобили и дизајнерска облека. На една фотографија се гледа како стои пред човек во црн теренец пред куќа со знамето на Унијата.

Инфлуенсерот, кој има тетоважа AK-47 на градите и десната рака, се гледа на друга фотографија како носи маица Челзи пред црвено Ауди.

Ја променил плочата

Др Александрос К Антониои, експерт за право на социјалните мрежи на Универзитетот во Есекс, рекол дека е шокантно тоа дека Инстаграм не само што му дозволил на Браци да споделува содржини во врска со дрога, туку му овозможил да стане една од најголемите ѕвезди во Албанија на својата платформа после тоа. „Daily Express“ на Браци му влегол во трага се до станбената зграда од комунистичкиот период во главниот град на Албанија, Тирана.

Тврдел дека посетите на фармите за канабис биле непланирани и дека престанал да прави такви снимки.

Инфлуенсерот рекол дека поддржува криминал и рекол дека некои од неговите сонародници отишле да тргуваат со дрога во Британија поради животот исполнет со тешкотии. Порано оваа година било утврдено дека Министерството за внатрешни работи планира да почне да им плаќа на албанските инфлуенсери да им кажат на своите следбеници да не доаѓаат илегално во Британија.


Загрижувачки податоци од Обединетите нации

Според извештајот на ОН, албанските криминалци сега вршат значајна контрола над пазарот со кокаин во Велика Британија, а насилните криминалци увезуваат дрога од своите колеги од континентална Европа преку пристаништата на југот на Англија.

Меѓу озлогласените банди е и „Hеellbanianz“ која се наоѓа во источен Лондон и која на своите социјални мрежи зборува за своите криминални активности. Неодамна се покажало дека 80 албански мигранти се осудени на вкупно 130 години затвор во првите четири месеци од оваа година. Нивните злосторства вклучувале убиство, убиство од небрежност, силување, кривични дела со огнено оружје и киднапирање.

Од друга страна бранот на криминал врши притисок на британските затвори кои се веќе преполни, а владата е принудена да прави договори со Тирана за да се овозможи криминалците да бидат депортирани пред истекот на казната.

Меѓутоа, албанските државјани и натаму илегално влегуваат во Велика Британија и се приклучуваат на нарко-бандите со цел да бидат пратени во затвор за да можат да тврдат дека се жртви на модерно ропство и да добијат азил, пишувал порано „MailOnLine“.


Се огласил и ТикТок

По повод случајот со промовирањето на криминал на социјалните мрежи, се огласил и ТикТок.

Како што навеле од компанијата, ТикТок блиско соработува со органите за спроведување на законот во Велика Британија, Националната агенција за криминал и организациите како што се „Stop The Traffic“ во борбата против овој проблем, а нивните напори помогнале да се намали бројот на преминување на мали бродови минатата година.

„Продолжуваме стриктно да одржуваме пристап на нулта толеранција кон експлоатацијата на луѓе и проактивно пронаоѓаме преку 95% од содржините кои ги отстрануваме поради кршење на правилата“, велат.

Платформата забранува содржини кои олеснуваат шверц и трговија со луѓе и не дозволуваат прикажување или промовирање на трговија со дрога.




Спонзорирани линкови

Маркетинг