„Toyota“ подготвува нешто големо! Никој не знае за што точно станува збор

Точка

22/04/2024

10:05

4.645

Големина на фонт

а а а

Кога „Toyota“ нешто подготвува, тоа секогаш е многу големо и привлекува внимание од целиот свет. Сега побарала помош од две кинески компании за развој на новиот систем за помош на возачот (ADS). Од една страна, тоа ја вклучува големата „IT“ група „Huawei“, која развива софтвер, а од друга страна старт-апот „Moment“ од Пекинг, кој дава хардвер за нови автомобили. Тоа произлегува од статија на кинескиот интернет портал „Tencent News“.

Решение за глобалниот пазар

Поединечностите за функционалноста на новиот „ADS“ моментално не се познати. Засега само се знае дека станува збор за производ кој ќе биде дизајниран за глобалниот пазар на автомобил.

Меѓутоа, индустријата во која се активни партнерите на „Toyota“ зборува многу јасно за тоа каде развојниот пат веројатно ќе оди. „Moment“ е млада компанија специјализирана за подрачјето на автономно возење. „Huawei“, од друга страна, се смета за еден од најголемите произведувачи и развивачи на телекомуникациска технологија и соодветни компоненти, на пример за ширење на 5G мобилна мрежа.


Двете компании развиваат технологии кои веројатно ќе бидат клучни за изработка на самовозечки автомобили. „Toyota“ досега, барем колку е познато, не е нешто посебно заинтересирана за оваа технологија, па фактот дека сака да фати приклучок е сензационален. Меѓутоа, во овој момент тоа сè уште се чисти претпоставки.

Премиера за десетина дена

Повеќе детали ќе бидат објавени за неколку недели. Како што понатаму известуваат порталите, „Toyota“ веројатно сака да го претстави проектот на кинескиот саем за автомобили „Beijing International Automotive Exibition“, кој ќе почне на 25-ти април.




Спонзорирани линкови

Маркетинг