[ВИДЕО] Ова е новото „Ferrari“

Точка

03/05/2024

10:13

6.459

Големина на фонт

а а а

Денеска е претставен „Ferrari 12Cilindri“ и го претставува пикот во развојот на моторите на „Ferrari“, уверен е Џанмариа Фулгеци, главен директор за развој на производи во „Ferrari“. Дизајниран е од самиот почеток да го слави звукот и перформансите кои само „V-12“ може да ги испорача.

„12Cilindri“, кој ќе биде достапен како купе или „Spider“ со тврд кров на вовлекување, го заменува „812 Superfast“. Дизајниран е да потсетува на духот на култните модели како што се „Lusso“ и „275 GTB/4“, автомобили кои беа многу брзи, но и доволно комфорни за возење на големи далечини.

Има и италијанско име за 12 цилинди. „Концептот е многу едноставен“, вели шефот на маркетинг во „Ferrari“ Енрико Галиера. „Сакавме овој автомобил да го слави најважниот дел од нашата ДНК. Никогаш не користиме надворешна агенција за одлучување за името, а кога е 12Cilindri предложено, 99 проценти од луѓето тука го прифатија“.

Кодното име му е „F14HD“, 6,5-литарскиот V-12 користи основна архитектура стара повеќе од 20 години. Официјално, „F140HD“ е сеопфатна преработка на „F140HC“ користен во „812 Competzione“.

Најмоќен атмосферски мотор на „Ferrari“

Станува збор за најмоќниот масовно произведен атмосферски мотор на „Ferrari“. Може да развие до вртоглави 9.500 вртежи во минута, развива 818 коњски сили при 9.250 вртежи во минута и вртежен момент од 500 lb-ft при 7.250 вртежи во минута.

Издувните гасови излегуваат низ нов систем во керамички катализатори и филтри со честички кои му помагаат на големиот V-12 да ги исполни строгите стандарди за емисија на „Euro E6“ поставени за 2026-та и подоцна.

340 километри на час

„F140HD“ има погон на задните тркала преку новиот осумбрзински менувач, давајќи му „12Cilindri“ дополнителна брзина во однос на „812 Competizione“. Тоа овозможило зголемување на вртежниот момент на задните тркала за 12 проценти, додека времето за менување на преносот на брзините е намалено за 5 проценти.

Од „Ferrari“ велат дека 1.600 килограми тешкиот „12Cilindri“ ќе забрзува од 0 до 100 км/ч за помалку од 2.9 секунди и до 200 за помалку од 7,9 секунди. Максималната брзина е околу 340 км/ч.

Цената за „12Cilindri Coupe“ во Италија почнува од 395.000 евра, додека цената за „Spider“ почнува од 435.000 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг