Пиоли ќе добие отказ, постои список со пет имиња за негов наследник

Макфакс

20/04/2024

13:54

1.540

Големина на фонт

а а а

Стефано Пиоли ќе биде тренер на Милан до крајот на сезоната, по што ќе добие отказ, пишуваат италијанските медиуми. Тоа ќе биде крај на петгодишната соработка која на Милан му ја донесе првата титула во Серија А по 11 години во 2022 година. На „Сан Сиро“ веќе размислуваат кој ќе биде нов тренер, а моментално се издвојуваат пет кандидати.

Според „газета дело Спорт“, најголеми фаворити се Пауло Фонсека и Хулен Лопетеги.

Фонсека е 51-годишен Португалец кој моментално раководи со Лил, а две години работеше во Италија како тренер на Рома. Лопетеги (57) оваа сезона е без работа откако се раздели со Вулверхемптон, во минатото тој беше тренер на Реал и Севилја и селектор на Шпанија.

Како резервни опции се споменуваат Кристоф Галтиер, поранешниот тренер на ПСЖ кој сега го води катарскиот Ал-Духаил и Марсело Гаљардо, долгогодишниот тренер на Ривер Плата, кој моментално го тренира саудискиот Ал-Итихад.

Во потрагата по нов тренер се приклучи и клупскиот советник Златан Ибрахимовиќ, а „Тутоспорт“, пишува дека тој го предложил Марк ван Бомел. Ван Бомел е актуелен тренер на Антверпен, со кој беше и шампион на Белгија, а во Милан играше во сезоната 2011/12 кога му беше соиграч Ибрахимовиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг