Дортмунд за играчот кој беше незадржлив против ПСЖ: Сите му должите извинување

Дерби

02/05/2024

13:57

2.502

Големина на фонт

а а а

Борусија Дортмунд избори победа над Пари Сен Жермен на вчерашното соочување на „Сигнал Идуна Парк“ со што е чекор поблиску до големото финале во Лигата на шампионите.

Секако триумфот од 1-0 не е никаква гаранција, сигурност за место во наредната фаза, но „милионерите“ влегоа како аутсајдери во овој дуел и ваквиот резултат сигурно ќе ја зголеми самодовербата кај избраниците на Терзиќ.

Стрелец на единствениот гол беше напаѓачот Никлас Филкруг, ама играч на натпреварот беше Џејдон Санчо кој едноставно беше незадржлив, нерешлива енигма за гостите од Париз.

Со ова Џејдон уште еднаш потврди дека е квалитетен играч, ас кој знае да направи разлика, па Борусија ја искористи оваа прилика да ги поздрави сите оние кои ги критикуваа во изминатиов период, години откако тој од Дортмунд замина во Манчестер Јунајтед за да зимава одново слета на позајмица во добро позната средина.

- Сите му должите извинување, ние секогаш бевме запознаени со неговата игра, - порачаа од бундеслигашот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг