Комбинацијата на овие намирници и кафе може да биде смрт за желудникот – гастроентеролог открива каде свесно грешиме

Точка

19/04/2024

21:00

11.921

Големина на фонт

а а а

Пиењето кафе за многумина е еден од омилените утрински ритуали. Многу од докторите се занимавале со испитување на влијаењето на кофеинот врз организмот, а мислењата се различни.

Меѓутоа, околу една работа поголем дел од нив се усогласиле, а тоа е самиот начин на консумирање на кафето.

Имено, се верува дека доколку кафето се консумира на правилен начин, не може да биде штетно и обратно.


Гастроентерологот и нутриционист Нури Дијанова, открила со кои намирници кафето никако не треба да го комбинирате. Станува збор за алкохолот и чоколадото.

Најлошата комбинација е кафе со чоколадо или алкохол, вели Дијанова. Консумирањето на кафето со чоколадо или алкохол резултира со појава на проблеми со желудникот.

Дури и доколку не чувствувате непријатност при консумирањето, со текот на времето можат да се појават воспаленија, предупредува Дијанова. Исто така таа не препорачува консумирање кафе на празен стомак, она што поголем дел од луѓето кај нас го прават затоа што тоа влијае на секрецијата во желудникот.

Истовремено, докторката открила и што е тоа што го препорачува, а тоа е еспресо.

„Еспресото е поконцентриран напиток, содржи органски киселини кои го подобруваат варењето на храната“, објаснила докторката.


Одредено време после пиењето на еспресото, Дијанова препорачува да се напиете чаша вода за да ја надоместите течноста во телото затоа што кафето има диуретички ефект.

Сепак, докторите предупредуваат дека претераниот внес на кафе има негативно влијание врз здравјето, прво на срцевиот мускул затоа што после напитокот се забрзуваат отчукувањата на срцето. Експертите спомнуваат и дека една или две шолји кафе дневно нема да имаат негативен ефект врз организмот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг