[ВИДЕО] Ова моментално е најпопуларниот филм на сите платформи – сте го гледале ли?

Точка

19/04/2024

15:30

3.476

Големина на фонт

а а а

Драмата за Холокаустот наградена со Оскар со импресивни 93 отсто на „Rotten Tomatoes“ го зазела првото место на новата листа на популарните стриминг сервиси.

Филмот „The Zone of Interest“ којшто неодамна пристигнал на сервисот „NBO Max“ во режија на Џонатан Глејзер, го следи командантот на Аушвиц, Рудолф Хес (Кристијан Фридел) и неговото семејство додека живеат и уживаат во секојдневниот живот покрај концентрациониот логор во текот на Втората светска војна.

На овогодишното доделување на Оскарите филмот „The Zone of Interest“ освоил награда за најдобар меѓународен игран филм, како и за најдобар звук.

Драмата за Аушвиц престигнала многу популарни филмови во неделата од 4 до 10 април, а според новиот извештај на страницата „feelgood.com“, се наоѓа на првото место, наведува „Screen Rant“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг