Французинките ги следат овие 6 правила за шминкање за да постигнат ефективен и природен изглед без многу труд: Првото е незаменливо

Точка

19/04/2024

11:14

6.417

Големина на фонт

а а а

Освен нивниот уникатен моден израз, кој е инспирација за жените ширум светот, од Французинките можеме многу да научиме кога е шминката во прашање.

Имено, речиси секоја Французинка носи едноставна, прозрачна шминка која ја истакнува нејзината здрава кожа и нејзините природни црти на лицето. Со оглед на тоа, многу жени сакаат да го копираат тој изглед, па Французинките споделиле неколку совети на социјалните мрежи.

Добриот „skincare“ е најважен

Со цел шминката добро да одговара на кожата и кожата на лицето да изгледа мазна и сјајна, првиот чекор е квалитетна рутина.


Покрај производите кои ги користите, а кои би требало да одговараат на вашиот тип кожа, Французинките препорачуваат и редовни масажи на лицето и некои професионални третмани. Исто така, пред нанесување на самата шминка, првиот чекор е хидратна крема или серум.

Црвен кармин

Црвениот кармин многумина го сметаат за малку застрашувачки за нанесување и обновување во текот на денот, но Французинките потврдуваат дека треба да размислувате во сосема друг правец. Во денешно време, и ма толку многу нијанси на црвено кои можете да ги адаптирате на тенот на кожата, бојата на очите, но и преференциите. Исто така, карминот не мора да го нанесувате целосно совршено и во дебел слој, туку за дневни прилики можете само да го натапкате на усните во тенок слој.


Не претерувајте со маскарата

Иако маскарата е одличен начин за истакнување на очите, Французинките никогаш не нанесуваат повеќе од еден, а можеби и два слоја. Исто така, доколку имате посветла кожа, можете да си поиграте со кафени маскари кои ќе изгледаат уште поприродно и ќе ги истакнат вашите очи.

Течната пудра воопшто не е толку важна

Со оглед на тоа дека добрата рутина сама по себе е заслужна за здрава и сјајна кожа, би било штета сето тоа да се „замаскира“ со дебели слоеви пудра. Затоа, подобро би било да нанесете тенок слој CC крем или само малку коректор под очите, на челото и евентуалните неправилности откако ќе го нанесете хидратниот крем.


Карминот не е резервиран само за усните

Рутината која ја применуваат Французинките треба да биде брза и едноставна, како што е веќе наведено – со помалку производи. Затоа не мора да користите кармин само на усните, туку со прстите може да го натапкате на образите за да послужи како руменило, а можете да го нанесете дури и на очите.

Течните производи даваат подобар сјај


Со цел да го искористат целосниот потенцијал на нивната блескава кожа, Французинките најчесто се осврнуваат кон течните производи кои се многу похидратни од оние во камен или прав. Исто така, многу полесно се нанесуваат со прстите, па ќе заштедите и повеќе време.




Спонзорирани линкови

Маркетинг