[ФОТО] Префинета, едноставна, а толку модерна: Адел покажала како се носи црно-бела комбинација со стил

Точка

30/04/2024

13:37

6.895

Големина на фонт

а а а

Адел во текот на саботната вечер внела доза гламур на НБА натпреварот, а била во придружба на својот сопруг.

Добитничката на наградата „Греми“ на трибините била заедно со сопругот Рич Пол, во прилично едноставен аутфит и природен изглед, но тоа и тоа како оставило впечаток.


Имено, на натпреварот меѓу Лејкерс и Денвер Нагетс во Лос Анџелес, Адел се појавила во црно одело под кое носела бела, памучна маица, а изгледот го надополнила со бели салонки.

Нејзиниот заштитен знак биле долгите бели нокти кои биле совршено обликувани, како и русата коса која била пуштена и во брановиден облик, а сето тоа оставило нежен и природен впечаток на сите.

Пол исто така бил прилично елегантен во тексас јакна со црна маица, кожни панталони и чизми.


Пејачката изгледала многу свежо и убаво, со оглед на тоа што во скоро време ѝ  била откриена ретка болест која се одразува на нејзините гласни жици.

Адел за „Daily Mail“ изјавила дека болеста го зела данокот и дека се одразува на нејзиниот глас, па докторите ѝ наредиле добро да се одмори пред повторно да излезе на сцена.




Спонзорирани линкови

Маркетинг