[ФОТО] Некогаш најзгодната жена на светот сега е коски и кожа – како успеала да си го уништи телото?

Точка

19/04/2024

23:45

11.132

Големина на фонт

а а а

Актерката која е на праг на анорексија, Тара Рид, денес изгледа непрепознатливо.

Многумина се сеќаваат на Тара Рид по улогата на Викторија Латум во комедијата „Американска пита“. А од првиот дел на популарната комедија поминаа 25 години. Тара после тоа ја продолжила кариерата во филмскиот свет, но ниту еден ангажман не ѝ донел популарност како тој.


Во последно време, актерката е во фокус поради својот непрепознатлив изглед. Имено, таа драстично ослабнала, а многумина се загрижени, мислат дека актерката има анорексија. Таа во една прилика објаснила дека многу јаде, но има таков метаболизам што не може да се здебели.

„Имам брз метаболизам. Сите кои имаат забрзан метаболизам знаат колку е тешко да се здебелите. Само јадам“, изјавила тогаш актерката.

Интересот во јавноста таа го добила и поради тоа што има шпекулации дека направила естетски корекции, но таа никогаш не говорела за тоа.


Оваа русокоса некогаш важела за најсексапилната актерка, додека денес од нејзината занeсна фигура не останало ниту трага. Долго се шпекулирало дека станала зависничка од естетските операции, како и дека повеќе пати ставала ботокс на лицето.

Се зборува дека пред повеќе години отишла на операција на отстранување на масните наслаги на стомакот иако како што самата кажала, немала ниту грам вишок. Липосукцијата имала бројни негативни последици врз нејзиното тело.




Спонзорирани линкови

Маркетинг