Практикувајте ги овие 5 работи и мозокот ќе ви функционира како часовник: Совети од популарниот невролог којшто живеел над 100 години

Точка

18/04/2024

21:00

27.247

Големина на фонт

а а а

Рита Леви Монталчини е родена на 22 април 1909 година во Италија, а советите кои ги оставила зад себе се нешто непроценливо.

Таа била еден од најдобрите италијанско-американски невролози, која со биохемичарката Стенли Коен ја поделила Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1986 година за своето откритие на телесна супстанција која го стимулира и влијае на растот на нервните клетки.

Живеела 103 години и била многу витална, а мозокот ѝ функционирал како часовник. Нобеловката оставила препораки за развој на мозокот и за долговечен живот.


1. Читање тешка литература – многу од научниците говореле дека постојаното учење ја чува виталноста на мозокот.

2. Решавање логички задачи и крстозборки – тие го поттикнуваат мозокот да размислува надвор од рамките.

3. Обидете се да запамтите што повеќе – на пример, по читање на секое поглавје, затворете ја книгата и обидете се да ги запаметите помалите детали. Преслушајте се себеси, повторувајте го наученото. Познатиот српски академик Владо Јеретиќ говорел дека учењето поезија или молитва напамет, може да биде прекрасен начин вашиот мозок и во староста да функционира како што треба.

4. Учете странски јазици – не мора точно да го говорите, туку поентата е вашиот мозок да се „растегнува“ така што се создаваат невронски врски. Научниците истакнуваат дека потребни ви се околу 20 минути дневно.


5. На крај, сочувајте го позитивниот дух – тоа е една од најголемите тајни на долгиот и среќен живот. Рита Леви Монталчини говорела: „Пред сѐ, немојте да се плашите од тешкотиите. Тие ни го даваат најдоброто. Дури и кога ќе се појават проблеми, обидете се да го зачувате оптимизмот во сѐ што гледате“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг