4 јапонски правила за среќен, исполнет и успешен живот – што ве советува икигаи?

Точка

18/04/2024

16:45

6.576

Големина на фонт

а а а

Јапонскиот концепт наречен икигаи, поврзан е со целта на животот и причината на постоење, а се состои од четири основни елементи кои особено се корисни во текот на денешното, брзо време во кое живееме.

Овој водич ќе ви овозможи да постигнете рамнотежа во секојдневниот живот и ќе ви пружа одмор од стресните ситуации. Истовремено, тој тежнее да помогне во пронаоѓањето на вистинското и сопствено „јас“.

Првенствено, важно е да ги откриете своите страсти, во што навистина уживате. Одобрувањето од другите е целосно непотребно.

Добро размислете што ве исполнува. Тоа може да биде многу минималистичка активност. Од пеење под туш, до шетање, градинарство, читање, пишување. Не мора да бидете одлични во тоа, но доколку тоа е активност која ве инспирира, тогаш треба да се препуштите.


Тогаш потребно е да ги одгатнете оние активности во кои сте навистина добри. Секој има одредени вештини кои му одговараат и кои ги прави во текот на годините. Успехот којшто го постигнувате низ нив буди самодоверба, што ви дава можност за дополнителен раст и ве мотивира за подобри резултати.

Овој сегмент може да се однесува на вашето хоби или работа која ја вршите, но поважно се однесува на дејството со кое се идентификувате, деловите кои се дел од вашата личност и постоење, а низ кои сакате да постигнете најдобри можни резултати.

Како и проектите, животот исто така го поддржува концептот на мисиите. Запрашајте се што сакате да постигнете? По кој пат одите и како и што планирате да постигнете во животот? Потоа истражете како вашите вештини и интереси можат да придонесат во подобрување на светот околу вас. Пронајдете начини на кои може позитивно да влијаете на другите и општеството.

Последниот елемент претставува вашата професија. Дали е во состав со претходните три? Може ли да ги идентификувате начините на кои може да ги комбинирате своите страсти, таленти и придонеси во општеството во целост и да ги претворите во кариерен пат?


Доколку успеете да го постигнете тоа, ви се нуди можност да го доживеете јапонскиот концепт на среќен и исполнет живот, попознат како икигаи. Тоа е простор којшто ја обединува вашата страст, цел, вештини, но и потреба за социјализација.

Покрај овие четири правила, тој укажува и на неколку други вредности благодарение на кои се постигнува рамнотежа и долговечност. Еден од нив е избегнување на прејадување. Имено, многу од жителите на Јапонија сметаат дека чувството на ситост во текот на оброкот доволно е за да запрат со јадење.

Икигаито испраќа уште една важна порака за исполнет и долг живот, а тоа е пријателството. Но, она кое е искрено и моќно, кое дава поддршка во тешките моменти, но исто така ве потсетува и на вашите маани и доблести.

Затоа што, клучот на успехот и развојот лежи токму во луѓето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг