Шведски научници развиле нов облик на злато и го нарекле „голден“

Точка

18/04/2024

11:15

13.677

Големина на фонт

а а а

Научниците долго се занимавале со обработка на злато во пофини облици, што сега довело до создавање на револуционерен материјал – „голден“. Станува збор за еднодимензионален материјал составен од само еден слој на атом на злато.

Следејќи ги конвенциите на науката за материјали, научниците дошле до името голден за таа иновација, која покажува единствени својства кои златото ги нема во својот тридимензионален близнак.

„Ако материјалот го направите многу тенок, се случува нешто извонредно – како и со графенот“, истакнува Шун Кашијава, научник за материјали на Универзитетот Линкопинг во Шведска. Тој објаснува дека златото може да стане полуспроводник кога ќе се сведе на дебелина на слој од само еден атом.


И покрај природната тенденција на златото да се собира, претходните напори да се создаде дводимензионална конфигурација не успеале, давајќи повеќе-атомски плочи или монослоеви неодвоиви од другите материјали. Напредокот, меѓутоа, дошол неочекувано за Кашијава и неговиот тим додека експериментирале со други материјал, електрично спроводна керамика, титаниум силициум карбид, пренесува „Zimo“.

„Почнавме со електрично спроводна керамика која се нарекува титаниум силициум карбид, каде силициумот е во тенки слоеви. Идејата беше да се премачка материјалот со злато за да воспоставиме контакт. Но кога компонентата ја изложивме на висока температура, слојот на силициум беше заменет со злато внатре во основниот материјал“, објаснива физичарот за материјали Ларс Хултман од Универзитетот Линкопинг.


Нивниот предизвик лежел во извлекување на супертенки слоеви злато меѓу слоевите на титаниум и јаглерод кои го окружуваат. Надминувањето на оваа препрека барало техника која вклучува Муракамиев реагенс, раствор за обработка на метали кој го нагризува јаглеродот и го бои челикот. Експериментирајќи со различни концентрации и временски рамки, успешно ги отстраниле околните материјали, оставајќи го златниот слој недопрен.

Меѓутоа, процесот бил деликатен, барајќи да се спречи ослободување на цијанид од нуспродуктот на наведениот раствор. Освен тоа, воведен е сурфактант за да спречи таложење на златен слој.


Добиениот стабилен голден покажува својства на полуспроводник, нудејќи нови можности во полиња како што се прочистување на вода и хемиско производство. Истражувањето поврзано со наведеното откритие е објавено во списанието „Nature Synthesis“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг