Мајката на Данка побарала да сведочи пред убијците: Завршено сослушувањето на родителите на убиеното девојче од Бор! Родителите во солзи

Точка

17/04/2024

14:15

4.185

Големина на фонт

а а а

Во Вишото јавно обвинителство во Заечар штотуку завршило рочиштето на родителите на убиената Данка Илиќ (2) од Бор. Како што дознаваат тамошните медиуми, Ивана и Милош Илиќ одвоено дале искази, прво таткото, а потоа мајката.

Според изворот, на распитот на родителите на убиеното девојче присуствувале и обвинетите за нејзината смрт – Дејан Драгијевиќ (50) и Срѓан Јанковиќ (50).


„И Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ беа во просторијата кога сведочеа мајката, а подоцна и таткото на малата Данка. На мајката ѝ објаснивме дека со закон ќе го спречиме присуството на обвинетите, меѓутоа, таа ни одговори, што сите нè изненади, дека воопшто не ѝ пречи што двајцата ќе бидат присутни. Така, по желба на мајката, не го спроведовме она што веќе го одлучивме вчера, а тоа по законските норми да ги спречиме убијците да бидат на неколку метри од бремената мајка чие дете, како што се сомнева, било брутално убиено“, неофицијално се дознава од обвинителството во Заечар.


Таткото и мајката, како што дознаваме, на рочиштето не кажале апсолутно ништо ново.

Ги раскажале своите движења тој ден, на 26 март, кога исчезнала Данка, а подоцна се покажало дека е убиена, бидејќи тоа прашање им го поставил обвинителот. И двајцата родители биле видно потресени, додека зборувале заплакале, но не кажале ништо ново што веќе не е познато на јавноста.

Обвинителството не сака да зборува за однесувањето на мајката и таткото на средбата со убијците, како би ги заштитиле несреќните родители.




Спонзорирани линкови

Маркетинг