Овие три професии нема да може да ги замени вештачката интелигенција! Бил Гејтс објаснува и зошто

Точка

16/04/2024

19:14

18.382

Големина на фонт

а а а

Бил Гејтс во својот блог „Gates Notes“, навел на кои професии вештачката интелигенција нема да има влијание во иднина.

Бил Гејтс пишувал за ризиците кои со себе ги носи вештачката интелигенција.

Еден од тие ризици е дека вештачката интелигенција на крајот ќе ги замени луѓето на многу работи, што би довело до уништување на работните места.


Тоа Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) веќе го предвиде, наведувајќи дека до 2025-та година 60 проценти од работните места на некои начин ќе бидат под влијание на „AI“.

Гејтс тврди дека алатките на вештачката интелигенција ќе овозможат автоматизација на многу работи и процеси, но не е посебно песимистичен по прашањето за тоа како таквите алатки можат да влијаат на луѓето, верувајќи дека всушност ќе помогнат во многу подрачја.


Бил Гејтс тврди дека во блиска иднина ќе има само три работни места кои ќе бидат имуни на продорот на вештачката интелигенција, наведувајќи дека тоа е многу логично.

Тој вели дека на новиот бран технологии ќе му одолеат само работните места поврзани со енергијата, биологијата, како и работи кои се однесуваат на дизајнот и на работата на самите AI алатки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг