Одлична комбинација: Модерна технологија и дизајн стар 75 години

Точка

13/04/2024

21:50

7.262

Големина на фонт

а а а

Малку автомобили низ историјата толку долго се задржале во продажба и менувале толку малку како „Morgan Plus Four“. Меѓутоа, по 74 години автомобили конечно добил неколку надградби за се обезбеди дека ќе може да се носи со најдобрите спортски автомобили на 21-виот век. Со некои надворешни измени, „Morgan“ на моделот „Plus Four“ му дал нов „Dynamic Handling Pack“ кој ја подобрува динамиката на возењето, тврдат во „Morgan“.

Цена: 73.000 евра

На прв поглед „Plus Four“ изгледа исто како и претходно, иако „Morgan“ истакнува дека има нови крила, преобликуван преден спојлер, нов заден дифузер и поинаква рамка за предните и задните регистарски таблички.


За мудри купувачи

„Plus Four“ се зголемил кога во 2020-та година преминал на нова платформа, а сега, за да го задржи истиот изглед како и оригиналот, добил нови светла за 2024. Предните светла (кои се поефектни од порано) единствено се изработени за „Morgan“ и за 2,5 центиметри се со поголем дијаметар од претходно.

Масимо Фумарола, главен извршен директор на „Morgan“ изјавил: „Најновиот „Plus Four“ е возило за денешните мудри купувачи. Додека другите модели во нашата линија нудат повеќе можности за експериментирање, „Plus Four“ бара поделикатен пристап“.


Внатре има нов „лесен“ звучен систем од „Sennheisera“, изменет „LCD“ екран, ново внатрешно осветлување и нов приврзок за клучеви.

Од „Morgan“ велат дека новиот „Plus Four“ и натаму ќе „дава предност на чувството при возењето пред перформансите и времето на кругот“. Со овие свежи ажурирања доаѓа опцијата „Dynamic handling pack“. Пакетот од 1.995 фунти вклучува нови амортизери, заедно со задни стабилизатори, за кои од „Morgan“ велат дека пружаат поголемо ниво на динамични перформанси.


Мотор и менувач од „BMW“

„Plus Four“ го задржува својот мотор изведен од „BMW“. Во понудата со рачен менувач со шест брзини или со автоматски менувач со осум брзини, тоа е 2.0-литарски четирицилиндричен турбополнач со 255 коњски сили и 350 Nm вртежен момент (400 Nm за автоматик).


Во верзијата со рачен менувач времето на забрзување од 0 до 100 км/ч е непроменето и изнесува 5,2 секунди, а на таа со автоматски менувач и се потребни 4,8 секунди да го доврши спринтот. Двете верзии постигнуваат најголема брзина од 240 км/ч.

„Morgan“ вели дека првите примероци на ревидираниот „Plus Four“ ќе се произведуваат од мај, а тест возењето ќе почне во јуни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг