На социјалните мрежи се шири вирално видео во кое маж по име Брајан Ванг покажал што се случува ако ги намачкате рацете со мастило од лигна и не е тешко да се погоди дека станува збор за целосна катастрофа.
Брајан на видеото ги премачкува рацете со мастило, а потоа објавил видео од автомобил и покажал дека неговите раце останале црни дури пет дена подоцна. Потоа, тој покажал дека мастилото започнало да се лупи меѓу прстите и заклучил дека ќе бидат потребни и до две недели за целосно да се измие.
Watch what happens 5 days after this guy rubs squid ink on himself 😬 pic.twitter.com/YxItQYGnZO
— non aesthetic things (@PicturesFoIder) April 9, 2024
Брајан објаснил дека се кае за овој потег и се нарекол себеси „чудак“, при што им порачал на другите да не го следат неговиот пример. Видеото има повеќе од 28,5 милиони прегледи и бројни коментари само на „X“.
„Ова се вика бесплатно тетовирање“, „Барем носел црна маица па сè се вклопило“ и „Ова не му требало“, се дел од коментарите.