Пробајте го овој трик со којшто вашите растенија ќе бидат бујни и полни со цветови, а којшто на многумина навистина им помогнал кога станува збор за негата на растенија.
Иако тоа никој не го очекувал, во негата на растенија и цветовите се истакнува еден производ како супероружје за нивно бујно цветање, а станува збор за рицинусово масло.
Рицинусовото масло кое сите сме го пиеле како деца поради витаминот Д, е важна состојка во козметичките препарати, а сега наоѓа примена и во одржувањето на здравјето и убавината на растенијата. Доколку не сте го пробале овој трик, тогаш можеби е време да го искусите и да се воодушевите од резултатите.
Секое растение бара посебно внимание и нега, па вљубениците во цвеќињата бараат начини како да ги одржат своите растенија здрави и бујни во текот на целата година, а особено кога ќе се појави сонцето.
Неодамна на социјалните мрежи бил откриен необичен трик којшто го привлекол вниманието на многу од луѓето, а тоа е употребата на рицинусовото масло.
Рецептот е следен – додадете една лажица рицинусово масло во литар и половина вода на собна температура, добро промешајте и потоа користете ја течноста за наводнување на растенијата.
Најважно е добро да ја измешате водата со рицинусовото масло за да се избегне оштетување на коренот од растенијата.
Според препораката на вљубениците во цвеќињата, доколку станува збор за растение кое цвета само еднаш годишно, оваа мешавина треба да ја користите еднаш годишно. Доколку вашето растение цвета во текот на целата година се препорачува користење на овој раствор еднаш месечно за да се одржи нејзиниот буен изглед.