[ВИДЕО] Александра Шијакоска за бракот со сопругот Едмонд: „Нашата љубов е посилна од предрасудите, широкото срце прифаќа и една и друга вера“

Точка

29/03/2024

14:11

6.000

Големина на фонт

а а а

Модната блогерка и инфлуенсерка Александра Шијакоска неодамна гостуваше во поткастот на битолскиот музичар, водител и новинар Михаил Мими Марковски.

Таа во поткастот кој Мими го снима во своето „југо“, меѓу другото зборуваше и за бракот со нејзиниот партнер Едмонд Весели.

Александра и Едмонд го кажаа судбоносното „да“ во јули минатата година, на мала прослава во Битола на која присуствувале најблиските.

На тема „мешан брак“ Шијакоска нагласи дека таа е Македонка – христијанка, а Едмонд е Албанец - муслиман и откри дека на почетокот не биле прифатени од никого освен од пријателите, но на крајот сепак успеале да се изборат за својата љубов.

 „На сите им докажавме и покажавме дека нашата љубов е посилна од било која предрасуда, било која разлика меѓу нас двајца“, изјави Александра и додаде дека во нивниот дом слават и Велигден и Бајрам и се среќни што сето тоа го прават заедно со семејството.


На прашањето како изгледа сето тоа, Александра вели: „Многу добро и сплотено. Широкото срце прифаќа сѐ. Тој што има големо срце, има простор да почитува и една вера и друга и треба да бидеш човек пред сѐ“.

Во продолжение, погледнете ја целата епизода:



Спонзорирани линкови

Маркетинг