Ова е моментално најгледаниот филм на „Netflix“, но критичарите не се воодушевени: „Не прескокнале ниту едно клише“

Точка

29/03/2024

09:50

2.070

Големина на фонт

а а а

Критичарите во главно негативно го оценија новиот филм на Линдзи Лохан на „Netflix“ наречен „Irish Wish“. Сепак, и покрај негативните реакции - филмот е најгледан на глобалната топ листа и има 40 милиони часови гледаност.

Филмот ја следи Меди (Лохан), американска монтажерка, која доаѓа во Ирска за да присуствува на венчавката на нејзината симпатијa, Пол Кенеди (Александар Влахос) и нејзината најдобра пријателка Ема (Елизабет Тен).

Меди посакува желба и се наоѓа во алтернативен универзум каде што е верена со Пол, а Ема е деверуша. Ед Спилерс игра уште еден згоден додворувач кој Меди го запознава на нејзиното магично патување.

По „Falling for Christmas“, „Irish Wish“ е вториот филм на „Netflix“ со празнична тематика во кој глуми Лохан и е во режија на истата режисерка, Џанин Демијан.

Многу критичари не биле воодушевени од употребата на клишеа типични за романтични комедии во филмот, како што се љубовен триаголник или љубовници заробени во бура.

Критичарката на „Vulture“, Рејчел Хендлер, отиде дотаму што го опиша филмот како „навестување за AI генерираната иднина, осудена на пропаст во која машините прават факсимили на уметностa додека луѓето се натпреваруваат“.

Сличен коментар дала и Венди Ајд од „Guardian“, која рече дека не прескокнале ниту едно клише.


Некои сметаат дека живите бои на филмот делуваат како цртан филм, а критичарот на „New York Post“, Олексински напиша: „Секогаш кога ликовите излегуваат надвор, небото е направено да изгледа толку впечатливо сино, а тревата толку плутониумско зелена, што очекуваме дека Тинки Винки и Телетабисите ќе се појават во секоја минута“.

Филмот има 39 отсто на „Rotten Tomatoes“, оцена од 5,2 на „IMDb“, 46 отсто на „Metacritic“ и оцена 2,9 на „Google Reviews“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг