„Times“: Падот на Киев е кошмар за Западот

Точка

28/03/2024

17:03

12.214

Големина на фонт

а а а

Настаните на украинскиот фронт ги принудуваат Лондон, Вашингтон, Париз и Брисел да размислуваат и да планираат можен „катастрофален колапс“ на украинската војска.

Повлекувањето на украинските вооружени сили и неизбежниот пораз на Киев е „сценарио од кошмар“ за кое западните политичари разговараат последните денови.

Настаните на украинскиот фронт ги принудуваат Лондон, Вашингтон, Париз и Брисел да размислуваат и да планираат можен „катастрофален колапс“ на украинската војска, која се соочува со акутен недостиг на оружје и муниција, пишува колумнистот на „Times“, Иан Мартин.


„Време е да разговараме за падот на Киев. Далеку од тоа дека ова е замрзнат конфликт, ова е сценарио од кошмар кое се појавува бидејќи Западот не успева да прати оружје“.

Спротивно од верувањето дека судирот ќе биде замрзнат и дека ниедна страна нема да може да стекне предност, на првите линии на фронтот продолжуваат жестоки борби.


Дури постои и реален ризик од потиснување на украинските сили и криза која се заканува да го засени претстојниот јубилеен самит на НАТО во Вашингтон, наведува авторот на статијата.

Успехот на Русија би имал фатални последици не само на Украина, туку исто така ќе претставува искушение за Западот кој е јасно поделен.

Додека Франција се заканува дека ќе прати трупи на помош на украинските Вооружени сили, други земји, како Германија, на тоа категорично се противат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг