Уште еден драматичен потег на аргентинскиот лидер: Милеј сака да отпушти 70.000 луѓе

Точка

27/03/2024

20:01

2.342

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Аргентина Хавиер Милеј денеска изјави дека сака во наредните неколку месеци да отпушти 70.000 работници вработени во јавниот сектор.

Покрај тоа, Милеј на економскиот форум во Буенос Аирес рекол дека веќе ги замрзнал јавните работи, го прекинал финансирањето на покраинските влади и укинал повеќе од 200.000 планови за социјална заштита.

„Bloomberg“ наведува дека тоа е дел од стратегијата на аргентинскиот претседател да постигне фискален баланс по секоја цена.


Милеј изјави дека анкетите покажуваат дека Аргентинците се оптимистични по прашањето за иднината на економијата, како и дека довербата на јавноста во владата расте, и покрај неговите мерки за штедење.

„Луѓето имаат надеж, го гледаат светлото на крајот од тунелот“, порачал аргентинскиот претседател.




Спонзорирани линкови

Маркетинг