Ако ве застане полиција: Ова прашање мора секогаш да го одговорите со „Не“!

Точка

27/03/2024

15:27

8.393

Големина на фонт

а а а

Независно дали се работи само за рутинска сообраќајна контрола или сте биле сопрени поради прекршок, некои возачи реагираат на притисокот кога мораат да одговараат на прашања од полицијата.

Освен што треба да ја покажете возачката и сообраќајната дозвола на возилото, треба да одговорите и на прашањата на службениците. Сепак, никогаш не треба да одговорите на трик-прашањето кое многу полицајци го поставуваат на самиот почеток од застанувањето.


Трик прашање кое подобро е да го одговорите со „не“

При секое стопирање често полицајците го поставуваат класичното прашање: „Дали знаете зошто ве запревме?“ или по сугестивна формулација на ова прашање на пример: „Претпоставувам дека знаете зошто ве запревме“, овој тип на прашања има неколку варијации на кои треба да обрнете внимание.

Голем број на возачи се чувствуваат дека мора да одговорат и често знаат да го признаат прекршокот. Меѓутоа, на ова трик прашање никогаш не одговарајте со ништо друго освен „не“ на смирен начин.


Може ли полицијата да ве праша каде одите?

Некои од нив се чисто информативни прашања што полицијата ги поставува. Вие имате право да не ги одговорите, како познатото прашање „каде одите?“ или од „каде доаѓате?“.

Вашата приватност не е нивна работа, но затоа не треба да излажете и да кажете дека само си возите. Наједноставен начин е да кажете дека завршувате некои обврски или да ги информирате службениците за вашето право да молчите, на смирен и љубезен начин.


За време на сообраќајните контроли, секогаш однесувајте се кооперативно и пријателски, така ќе си олесните и на себе и на полицајците. Ако навистина сте направиле прекршок и сте фатени, покажете го вашето разбирање.

Надменото однесување како и циничното однесување може да биде протолкувано за навредливо кон службениците и со тоа може да се доведете во повеќе проблеми отколку што е потребно. Ако сакате да ја оспорите казната за предупредување, секогаш тоа можете да го сторите отпосле наместо да дискутирате со службениците на самото место.



Спонзорирани линкови

Маркетинг