Корејски „Genesis“ тргнува во напад на „Tesla Y“ и „Porsche Taycan“

Точка

27/03/2024

14:26

6.322

Големина на фонт

а а а

Луксузната корејска марка „Genesis“ најавила дека нивниот автомобил со високи перформанси ќе се вика „Magma“ и ни даде прв увид во својот сосема електричен спортски автомобил со име „GV60 Magma“. Според корејската компанија програмата „Magma“ „ги реинтегрира перформансите и луксузот со цел прикажување на автомобилски иновации и технологија“.

Знаеме дека „GV60 Magma“ пристигнува следната година како прв модел од програмата „Magma“ на „Genesis“; а концептниот автомобил примерно прикажан во „Genesis House“ во Њујорк е многу блиску до тоа да биде подготвен за производство.

„Genesis GV60 Magma“ се базира на истата „E-GMP‘ архитектура како „Kia EV6“ и „Ioniq 5“ – плус популарната нова „N“ верзија на „Hyundai“. Очекуваме дека ќе видиме малку повеќе сила од „Genesis“ во споредба со „Hyundai“ кој има 641 коњски сили.


Поставката на батеријата и електромоторот не би требало премногу да се разликува од „Hyundai Ioniq 5 N“, со батерија од 84 kWh и електромотор на секоја осовина. Од надвор можеме да забележиме многу промени на каросеријата во однос на основниот „GV60“.

Спортска технологија

Има спуштена суспензија и нов преден браник со фокус на функциите за довод на воздух и ладење за батериите, електричните мотори и сопирачките. Излезите во лаковите на тркалата го подобруваат протокот на воздух и го подобруваат ладењето на сопирачките.

„Magma“ има тркала од 21 инч во облик на аеро-диск, за кој „Genisis“ вели дека повеќе помага при ладењето на сопирачките. На кровот се појавиле низа „пераи“ кои го насочуваат воздухот на новиот спојлер на кровот, а позади има и дифузер.


Внатрешноста на „GV60“ добила неколку измени. Има многу шевови во облик на дијамант, седиштата се како школки во портокалова бојна. Управувачот исто така има горна централна ознака во портокалова боја.

Очекуваме дека продукциската верзија на „GV60 Magma Concept“ ќе ја видиме подоцна оваа година, пред да дојде во Европа за да му конкурира на братот „Hyundai Ioniq 5 N“, но и на „Porsche Taycan“ и „Tesla Model Y Performance“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг