„Одисеј“ згасна засекогаш: По историското спуштање на Месечината – крај за приватниот лендер

Точка

25/03/2024

11:02

7.314

Големина на фонт

а а а

Американскиот лендер без екипаж кој стана првото приватно вселенско летало на Месечината „засекогаш се исклучи“, соопшти компанијата која го создаде.

„Intuitive Machines“ со седиште во Хјустон соопшти доцна во саботата дека вселенското летало, наречено Одисеј (Odysseus), не „се јавило дома“ минатата недела кога се предвидувало дека нејзините соларни плочи ќе примат доволно сончева светлина за да го вклучат радиото.

Лендерот на 22-ри февруари се спушти на Месечината под нестабилен агол, но сепак успеа да доврши неколку тестови и да прати фотографии пред да се утврди дека неговата мисија е завршена една недела подоцна, бидејќи влегол во повеќенеделната лунарна ноќ.

„Intuitive Machines“ се надевале дека би можел да се разбуди кога повторно ќе добие сончева светлина, како минатиот месец јапонскиот вселенски брод „SLIM“, кој непријатно слета минатиот месец.


Компанијата во саботата на „X“ објави дека по неколку дена чекање операторите потврдиле дека системот за напојување на лендерот, на кој му го дале прекарот „Оди“, нема да изврши уште еден повик дома.

„Ова потврдува дека Оди засекогаш се исклучи откако зацементира своето наследство во историјата како првиот комерцијален лунарен лендер кој слета на Месечината“, се наведува.

„Intuitive Machines“ и НАСА оваа мисија ја поздравиле како успешна, иако наишла на бројни проблеми на патот.


Тоа исто така било прво спуштање на американски вселенски брод на Месечината од мисијата Аполо 17 со екипаж во 1972-ра година.

НАСА планира да и врати астронаутите на Месечината подоцна оваа декада. Им платила на „Intuitive Machines“ околу 120 милиони долари за оваа мисија во рамките на иницијативата за делегирање на товарни мисии во приватниот сектор и поттикнување на лунарна економија.


Одисеј носел комплет од инструменти на НАСА дизајнирани за подобрување на научното разбирање на лунарниот јужен пол, каде вселенската агенција планира да прати астронаути во рамките на својата програма „Артемис“ подоцна оваа декада.

„Intuitive Machines“ планира уште две мисии на Месечината оваа година, како дел од иницијативата „Commercial Lunar Payload Services“, која има за цел да ги вклучи комерцијалните компании во истражувањето на Месечината.




Спонзорирани линкови

Маркетинг